Политика за враќање

Враќање на производ

Доколку производот не ви одговара и сакате рефундација, потребно е истиот да го испратите по курирска служба која што вие ќе си ја повикате до адреса Индустриска бб Кавадарци и притоа трошокот за достава е ваш.
Пратката која што ја враќате мора да биде спакувана во оригиналното пакување и задолжително треба да ја ставите и оригиналната фактура.
Потоа, ни ја праќате вашата трансакциска сметка на нашата e-меил адреса info@swissdream.mk
Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е одпакуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка.

Избор на курирска служба при враќање на производ

За враќање на производот може да повикате било која курирска служба. Изборот е ваш.

Замена за нов производ наместо рефундација

Размена на вратени производи со нови производи е невозможно. За вратениот производ задолжително се врши рефундација на средства штом пристигне истиот кај нас.
Доколку ви треба нов производ, тогаш ќе треба да направите нова нарачка, а за претходната нарачка ќе ви бидат вратени средства.

Физичка замена

Физичка замена на производи во продавница е возможно.

Замена за погрешно испорачан производ или оштетен производ

Овој тип на замена е возможна доколку SwissDream има испорачано погрешен или оштетен производ. Потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на info@swissdream.mk. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка.
Со ваша согласност, ќе ви биде испратен точниот производ.
SwissDream ја превзема обврската за подмирување на трошокот за достава за заменски нарачки под 2000 денари, само доколку испорача несоодветен производ.

Рок за враќање на производ

Рокот за враќање на производ е 15 работни денови од приемот на пратката.

Потврда за вратен производ

Штом пратката пристигне и истата ќе биде обработена од страна на SwissDream, ќе добиете меил со известување.

Рок за рефундирање на средства

Рефундирање на средствата се врши во рок од два до три работни денови од денот кога ќе добиете известување дека вратената пратка е примена во SwissDream и истата ќе биде обработена.

Одбиено барање за рефундација

Доколку се утврди дека вратениот производ е оштетен по вина на купувачот, враќањето на производот ќе биде одбиено и ќе биде вратено на купувачот на негов трошок.